Протест во Битола, се бара слобода за Ламбе Алабаковски

by Fokus

„Слобода за Ламбе“, „Смрт за фашизмот“, „Да живее Македонија“. Со овие зборови и пароли околу 1.500 Битолчани пред малку го започнаа протестот за слобода на Ламбе Алабакоски од плоштадот пред управата на полицијата во градот.

По одржаниот говор на организаторите од Левица во кој се побара ослободување на Ламбе, отповикување на бугарскиот амбасадор во земјава, целосно отстранување на клубот Ванчо Михајлов, но и прекинување на разговорите со Бугарија околу јазикот и историјата.

Насобраните граѓани се упатија во КПД каде Алабаковски е притворен.

Фото Слободен печат

Поврзани новости