788
Денеска на пладне, од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување, објави Канал 77.
Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции, потврди за Канал 77, директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври.
Како што дознава Канал 77, привремениот прекин е од медицински причини.
Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.