859
Откако лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, побара од владата мерки за надминување на сиромаштијата, на денешната седница посветена на пратеничките прашања доби одговор од премиерот Зоран Заев.
-Се залагаме да се донесе закон за бесплатно болничко лекување. Тоа не го бараат богатите бидејќи тие може да го плаќаат надоместокот, туку тоа го бараат сиромашните граѓани – рече Заев.
Бајрам изрази задоволство од одговорот на Заев, истакнувајќи дека за прв пат еден премиер му одговорил како што треба на пратеничките прашања.
-Се гледа вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секото – рече Бајрам, кој до вчера беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а по локалните избори стана независен пратеник.