478
Пратеникот Амди Бајрам на собраниската говорница рече дека ќе го поддржи договорот со Грција и му се заблагодари на министерот Никола Димитров зошто со ова се носел подобар живот.
-Јас и ние ромите во Македонија сме секогаш лојални на државата каде што живееме. И за ова ќе гласам „за“, ќе гласа и Самка Ибраимовски, ги повикувам сите ромски партии да гласаат „за“ потпишаното. Ги повикувам на референдум сите Роми да дадат поддршка на референдумот. Оптимист сум дека ќе има поддршка референдумот, рече Бајрам.