Мемеди: Оние кои се против договорот сакаат ова парче земја да го претворат во ничија земја

by fokus

Пратеникот Весел Мемеди го поздрави договорот за крај на спорот со Грција. Вели, за прв пат се дава можност да се завршат конфликтите.

-Оваа спогодба помеѓу Македонија и Грција претставува спогодба која ги помирува соседите еднаш засекогаш. ние кои имаме судбина да живееме во ова парче земја е исклучително значајно оваа спогодба да ја претвориме во извор на мир, а не во извор на идни конфликти. Цивилизираниот свет во последно време јавно истакнува дека оваа спогодба ќе биде исклучителен пример за решавање на многу конфликти не само во регионот, туку и пошироко во светот, вели Мемеди.

Тој истакна дека верува дека овој договор исто како и оној со Бугарија ќе бидат пример за решавање на спорови во регионот и пошироко.

-Тие кои се против сакаат ова парче земја да го претворат во ничија земја, со единствена цел оваа земја да ја претворат во гнездо во кое ќе се сокријат криминалци, разбојници и сите кои имаат придобиено максимално од разните конфликти на Балканот, рече Мемеди.

Тој им честиташе на храбороста и мудроста на премиерот Заев, министерот Димитров како и на сите политичари кои се жртвувале поради ова прашање.

Поврзани новости