Бајер: Македонија може да ја загуби препораката за почеток на преговори со ЕУ

by Фокус

Дефинитивно постојат шанси Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговори со Европската унија, вели во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот на Австрија во Македонија Томас Михаел Бајер.

– Ние знаеме дека некои земји членки во Брисел, ако политичката ситуација не се подобри, ќе го одберат тој начин да одговорат. Можам само да ви кажам дека ние во Австрија сме против да се одземе препораката за преговори, бидејќи сметаме дека континуираниот начин, иако трае долго за Македонија, да пристапи кон Европската унија е нешто што не треба да биде прекинато. Бидејќи еднаш ако препораката се одземе, ќе биде многу тешко да се врати. Тоа ќе донесе многу ризик за самата Европската унија, затоа што ние ќе се соочиме со ситуација каква што досега не сме имале, а тоа може да донесе ризик и загриженост за стабилноста на регионот – вели Бајер.

Поврзани новости