359
Илјадници граѓани во моментот се упатуваат кон Владата, каде што треба да започне собирот организиран под мотото „Граѓаните за Македонија, доаѓаме“, организиран од граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, меѓу кои и најголемата опозициска партија, Социјалдемократски сојуз.
На протестниот собир пред владата на Република Македонија се очекуваат десетици илјади граѓани од цела Македонија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев повика на мирен и ненасилен протест се до оставка на владата.