Поранешниот главен лекар на Белата куќа, Рони Џексон смета дека „Белата куќа е виновна што му дозволи на американскиот претседател Џо Бајден да зборува за реизбор додека е во состојба на психички и физички пад“.
„Мислам дека неговиот недостаток на физичка способност и неговото физичко опаѓање сега почнуваат да го истакнуваат когнитивниот пад што го гледавме толку долго“ – изјави Џексон за Фокс њуз.
Тој беше лекар во Белата куќа за време на претседателствувањето на Барак Обама и Доналд Трамп. Уште тогаш предупредува за менталното здравје на Бајден.
Анкетата на „Вашингтон пост“ спроведена на почетокот на минатиот месец покажала дека 62 отсто од гласачите веруваат дека Бајден е во премногу лоша физичка состојба за ефективно да ги води САД.
Ако Бајден биде реизбран, кога ќе го заврши вториот мандат би имал 86 години.