Бајден: Војната на Русија во Украина ја замрзнува крвта во жилите

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот говор пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека војната на Русија во Украина „ја замрзнува крвта во жилите“.

Тој потести дека со оваа војна Москва ја прекршила Повелбата на ОН.

– Оваа војна е да се уништи правото на Украина да постои како држава. Каде и да сте, каде и да живеете тоа треба да ви ја замрзне крвта во жилите, рече Бајден, додавајќи оти постојат „застрашувачки докази“ за извршени воени злосторства на Русија.

– Ако нациите можат да водат империјални амбиции без последици поредокот по Втора светска војна се урива. Со сојузниците, сме солидарни со Украина против руската агресија.

Бајден исто така се осврна и на безбедноста во снабдувањето со храна и вети 2.9 милијарди долари за борба гладот во светот, а тоа го поврза со руската инвазија, укажувајќи дека Москва ја влошила кризата.

Поврзани новости