Бајден во ненајавена посета на Киев

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна денеска во Киев на ненајавена средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Јавната маршрута на американскиот претседател сугерираше дека тој ќе ја посети Полска, но Бајден штотуку пристигна во главниот град на Украина.

Воздушна тревога е прогласена ширум Украина откако се појавија гласини дека висок функционер ќе дојде во ненадејна посета на Киев.

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот претседател Џо Бајден пристигнал во Киев по едночасовно возење со воз од границата со Полска. Беше снимен во главниот град на Украина заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски при посета на црква.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека тој и  американскиот шеф на државата Џо Бајден разговарале за обезбедување оружје со голем дострел на Украина за време на неговата ненадејна посета на Киев.

Бајден, од своја страна, најави дека Украина ќе добие нов пакет воена помош од 500 милиони долари, што ќе биде објавен утре.

Поврзани новости