Бајден: Руската инвазија врз Украина е геноцид

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден вчера првпат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите по меѓународно ниво.

– Го нареков геноцид бидејќи стана се појасно и појасно дека (рускиот претседател Владимир) Путин само се обидува да ја избрише идејата дека може да постои Украинец и доказите се зголемуваат. Но, ќе оставиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали ќе го оквалификуваат така или не, но мене така ми се чини, истакна Бајден.

- Advertisements -

Тој наведе дека високата инфлација во САД земја е предизвикана од војната што Русија ја води против Украина и посочи дека американскиот Конгрес работи на нејзино намалување.

– Вашиот семеен буџет, способноста да се наполни резервоар за автомобил не треба да зависи од тоа дали еден диктатор од другата страна на светот ќе објави војна и ќе изврши геноцид, посочи Бајден.

Американските политичари избегнуваа да го користат зборот геноцид поради страв дека од нив ќе се бара да интервенираат според меѓународната конвенција за геноцид.

Поврзани новости