По 4 часа преговори и притисоци бегалецот Анџело доброволно му се предал на оперативниот тим Потраги

by fokus

Анџело Ѓоргиевски, првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот е веќе во истражниот затвор “Скопје”, потврдија од МВР, но и од Затворот, за “Фокус”.

Од МВР информираат дека наскоро ќе излезат со соопштение за случајот.

“Фокус” пак од свои извори дознава дека Ѓорѓиевски доброволно сам се предал на припадниците на Оперативниот тим Потраги, околу 1 часот по полноќ, во населбата Аеродром.

Како што дознаваме, преговорите, но и притисоците, за неговото предавање траеле околу 4 часа.

За Ѓорѓиевски МВР вчера распиша меѓународна потерница, по што за кратко време успеале да го уапсат.

Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28 годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.

В.В.

Поврзани новости