Бајден: Прекинот на огнот во Газа не е мир, војната треба да заврши засекогаш!

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден со нова изјава го потврди вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни.

Бајден, говорејќи на темата за бомбардирањето на Газа, рече дека не е за прекин на војната.

– Се додека Хамас се држи до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир. Хамас ќе користи каков било прекин на огнот за да ги обнови ракетите, да ги прегрупира борците и да ги обнови нападите врз невините – напиша Бајден во статија за Вашингтон пост.

– Нашата цел не треба да биде да ја запреме војната денес, војната треба да заврши засекогаш. Треба да го прекинеме циклусот на континуирано насилство и да изградиме нешто силно во Газа и на целиот Блиски Исток, за да не се повтори историјата – додаде Бајден, јасно збунувајќи ги читателите откако прво го поддржа бомбардирањето, а потоа зборуваше за постојан мир.

Американскиот претседател, исто така, го повика Израел да го почитува хуманитарното право и да ја минимизира загубата на цивилни животи.

Тој рече дека решението за две држави е единственото трајно решение за конфликтот во регионот и дека во меѓувреме треба да има влада под палестинската администрација.

 

 

Поврзани новости