553
Претседателот на САД, Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, потврди денеска Белата куќа.
Како што соопшти Белата куќа, 79-годишниот Бајден двапати е вакциниран и примил уште две дополнителни дози. Тој има многу благи симптоми и се лекува со антивирусен лек Паксловид.
Бајден ќе продолжи да работи во изолација се до негативен тест на Ковид-19. Неговата сопруга Џил Бајден е негативна.