46
Американскиот претседател Џо Бајден се обрати до јавноста во врска со уривањето на мостот во Балтимор. На почетокот на својот говор тој потврди дека акцијата за спасување и пребарување продолжува.
„Потрагата и спасувањето е главен приоритет“, рече Бајден.
Бајден додава дека преку мостот секој ден поминуваат 30.000 возила и дека тој е „еден од најважните елементи за економијата на североистокот“.
„Ќе работиме со нашите партнери во Конгресот за да се погрижиме државата да ја добие потребната поддршка. Не заминуваме додека не се заврши оваа работа“, рече Бајден.
Тој исто така рече дека ќе го посети Балтимор што е можно поскоро.