Бајден не ги смири берзите, банкарските акции потонаа

by Fokus

Акциите паднаа и покрај уверувањето на претседателот Џо Бајден дека американскиот финансиски систем е безбеден по колапсот на две големи американски банки.

Падот дојде откако американските власти објавија серија мерки за да ги уверат поединците и компаниите за безбедноста на американскиот банкарски систем и најавија дека ќе гарантираат повлекување на вкупните депозити на банката Силиконската долина (SVB) по нејзиниот колапс, пренесе Би-Би-Си.

Покрај SVB, властите ќе дозволат пристап до депозитите и Signature Bank, која беше затворена од регулаторното тело.

Бајден вети дека ќе стори „се што е потребно“ за да го заштити банкарскиот систем.

Ненадејниот банкрот на две банки ги зголеми стравувањата од поголема криза. Инвеститорите стравуваат дека другите банки би можеле да бидат погодени од последиците, а акциите на глобално ниво драстично паднаа.

Акциите на финансиската групација Tokyo Mitsubishi UFJ, најголемиот заемодавач во земјата според средствата, паднаа за 8,1 отсто во среднодневното тргување во Азија, јавува Би-Би-Си.

Во понеделникот, шпанска Сантандер и германска Комерцбанк забележаа пад на нивните акции за повеќе од 10 отсто во еден момент.

Голем број помали американски банки претрпеа полоши загуби од европските банки, и покрај тоа што ги уверуваа клиентите дека имаат повеќе од доволно средства за да се заштитат од финансиски шокови, наведува Би-Би-Си.

 

Поврзани новости