Мета подготвува уште 10.000 откази

by Fokus

САД се уште не се опоравија од претходно најавените и спроведени отпуштања во технолошките компании, како и од колапсот на две силни банки – SVB и Signature, а веќе следува нов немил развој за работниците.

По првичното откажување на бројни вработувања во ноември, Мета сега планира уште 10.000 отпуштања.

За ова денеска ја извести јавноста основачот на компанијата Марк Цукерберг, пишува CNBC и потсетува дека компанијата веќе отпушти 11.000 луѓе во претпоследниот месец од минатата година.

Во последно време многу се пишуваше за тоа дека на гигантот под чиј чадор се Фејсбук и Инстаграм – не му оди баш најдобро и дека премногу внимава на метаверзумот, наместо на социјалните мрежи и неговите воспоставени практики.

Цукерберг е критикуван дека „го турка сопственото“ одлучување, иако Мета не е единствениот кој прави вакви радикални потези во моментов. Тогаш, среде кризата со корона, многу технолошки компании „влетаа“ и масовно вработуваа луѓе – за да одговорат на побарувачката забележана во деновите на карантин.

Но, сега кога ситуацијата на тој фронт се смирува, а компаниите сакаат да ги намалат трошоците и да остварат поголем профит, почнуваат да го „кратат“ бројот на вработени.

Цукерберг еднаш рече дека 2023 година ќе биде „година на ефикасност“, а исто така претходно им истакна на аналитичарите дека неговата компанија планира „да ги прекине проектите што не функционираат или можеби повеќе не се критични“.

 

 

Поврзани новости