73
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека американските напади врз јеменските бунтовници Хути не ги запреле нивните акции во Црвеното Море.
На прашањето на новинарите во Вашингтон дали американските напади имаа ефект, Бајден одговори негативно.
„Кога ќе кажете дали ги запираат Хутите – не. Но, дали нападите ќе продолжат – да“, рече американскиот претседател.
Јеменските бунтовници продолжија да ги напаѓаат бродовите во сопственост на САД, а Пентагон објави дека не е забележана штета и нема повредени, јавува Би-Би-Си.
Пред тоа американските сили по петти пат ги бомбардираа позициите на бунтовниците, а Белата куќа објави дека се уништени ракетите кои Хутите сакале да ги лансираат кон Црвеното Море.