Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна на Хаваите со сопругата Џил и најави долгорочна реконструкција на островот Мауи, каде пред две недели во пожарите загинаа повеќе од 114 луѓе.
Тој изјави дека ќе биде со жителите на Мауи „колку што е потребно“ додека не го обноват она што огнот го проголта.
„Ајде да видиме што е следно. Пред се, реконструкција, долгорочна. И тоа ќе го направиме заедно“, рече Бајден.
Тој беше вознемирен по посетата на Лахаина, која најтешко претрпе во пожарите и додаде дека ќе се погрижи гласот на луѓето да се слушне и дека ќе ги почитува локалните традиции, пренесе „Гласот на Америка“.
„Американскиот народ е со вас. Колку што е потребно, ние сме со вас“, изјави Бајден во обраќањето до преживеаните.
Гувернерот Џош Грин, сенатор од Хаваи и претставник на Мауи во Конгресот му се заблагодари на Бајден за помошта, како и за тоа што помошта од федерално ниво пристигна брзо.