Бајден најави можни санкции, Путин исцрта црвена линија

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин ја пренел загриженоста на Западот од можен руски напад на Украина, предупредувајќи го дека може да очекува санкции ако тоа го направи, соопшти Белата куќа по двочасовна виртуелна средба за Украина и други спорни прашања.

Бајден ја изразил длабоката загриженост на САД и европските сојузници поради руското трупање на сили околу Украина и јасно посочил дека ќе одговорат со силни економски и други мерки во случај на воена ескалација.

Американскиот претседател повторно ја изразил американската поддршка на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет и повикал на деескалација и дипломатија.

Путин, пак, како што соопшти Кремљ, побарал од Бајден правно обврзувачки гаранции дека НАТО нема да се шири на исток.

Притоа, Путин кажал дека НАТО го зајакнува својот воен потенцијал во близина на руските граници и воедно рекол дека повлекува опасни потези со цел освојување на украинската територија.

Тој предупредуваат дека јакнењето на врските на НАТО и Украина и можното разместување на проектили на Алијансата на украинска територија е „црвената линија“ која нема да ја дозволат.

Поврзани новости