387
Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон, а четворицата лидери се согласија да продолжат да ја поддржуваат Украина, се вели во соопштението од Белата куќа.
Тие разговараа и за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, вклучувајќи ја и потребата да се избегнат воени операции во околината на нуклеарната централа.
Лидерите на светските сили се согласија дека е важно делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија што е можно поскоро да дојде во Запорожје за да се утврди состојбата на безбедносните системи, пренесе Танјуг.