Бајден: Ќе се вакцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно

by Fokus 08:21
08:21

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19.

– Го прашав да остане на истата функција која ја извршувал за последните неколку претседатели и му понудив да биде мој главен медицински советник, како и дел од тимот за борба против коронавирусот, истакна Бајден, кој со новата администрација стапува на должност на 20 јануари.

- Advertisements -

Тој нагласи дека ќе се вакцинира јавно кога Фаучи ќе каже дека вакцината е сигурна.

– Важно е да им се објасни на американските граѓани дека е сигурна, изјави идниот претседател на САД.

Бајден додаде дека штом ќе ја преземе функцијата ќе издаде уредба за задолжително носење маски во сојузните служби и во јавниот превоз меѓу државите, како што се авионите и автобусите.

– Ќе ги замолам граѓаните 100 дена да носат маски. Не засекогаш, туку само 100 дена, нагласи Бајден. 

Поврзани новости