Претседателскиот кандидат на демократите во САД Џозеф Бајден го презеде водството во сојузната држава Мичиген, која се смета за одлучувачка кој ќе биде следните четири години во Белата куќа.
До пред неколку часа, во предност во оваа сојузна држава беше актуелниот претседател Доналд Трамп со околу 12 000 гласа, но предмалку Бајден направи пресврт, при што сега е во водство со околу 11 000 гласа. Во тек е броење на преостанатите гласови, а според американските медиуми се работи за уште околу 10 отсто.
Разликата меѓу Трамп и Бајден во неколку сојузни држави постојано се менува.
Така, во Висконсин, која исто така се смета за една од клучните држави, Бајден ја зголемува предноста пред Трамп, и таа сега изнесува околу 21 000 гласа. Во оваа сојузна држава остануваат да се пребројат уште околу 5 отсто од гласовите, што е нешто повеќе од 100 гласа.
Во Пенсилванија се преброени 75 отсто од гласовите и гласањето ќе продолжи подоцна. Таму во предност е Трамп со околу 600 000 гласа пред Бајден, но за пребројување има уште нешто повеќе од 1 милион гласа.
Во Невада каде броењето ќе продолжи утре наутро по локално време, со 86 отсто од преброени гласови води Бајден со 8 000 гласа, но има голем број гласови кои се уште не се преброени, а се од предвременото гласање.
Во Џорџија досега се преброени 94 осто одгласовите и разликата меѓу Трамп и Бајден е над нешто повеќе од 100 000 гласа во полза на актуелниот претседател. Но, остануваат за пребројување уште 6 отсто од глаовите, што е околу 240 000 гласа.
Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконски се клуч за победа на еден од кандидатите.
Според досегашните податоци Бајден освоил 224 електорски гласови, а Доналд Трамп – 213, но за победа на изборите неопходно е еден од кандидатите да добие 270 гласови во Изборниот колеџ.
Како се движат резултатите во живо, може да следите на интерактивната мапа тука.