514
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска го потпиша Законот за безбедност на оружјето.
-Ова е монументален ден. Со Божја помош, ова ќе спаси многу животи – истакна Бајден по потпишувањето на Законот, што претходно беше поддржан од демократите и републиканците.
Со потпишувањето на Законот почнува првата реформа на трговијата со оружје на федерално ниво во изминатите 30 години. Пред неколку дена, американскиот Врховен суд ги прошири правата за поседување и носење на оружје.