Бајден до Путин: Ако умре Навални, Русија ќе има последици!

by fokus

Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по средбата во Женева со неговиот руски колега Владимир Путин. Бајден оцени дека тој и Путин споделуваат заедничка одговорност во однос на воспоставувањето постабилни односи на двете силни земји.

-Сакам претседателот Путин да разбере зошто го зборувам она што го зборувам и зошто го правам тоа што го правам. Му кажав на Путин дека мојата програма не е против Русија или против кој и да е друг, туку за американскиот народ. Човековите права се она што сме ние како Американци – потенцира Бајден, порачувајќи дека ако Навални умре во затвор, последиците за Русија би можеле да бидат поразителни.

Бајден нагласи дека му рекол на Путин дека неговата агенда не е против Русија или која било друга земја, туку агенда за американските граѓани, вклучително и борба против пандемијата на коронавирусот, закрепнување на американската економија, обновување на односите.

Поврзани новости