Богдановиќ: Излегува дека не сме во право за ДУП-овите

by fokus

Излегува дека тврдењата на општината се неоправдани, изјави градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, откако Министерството за транспорт и врски оцени дека општината ги промашила елаборатите што ги поднела до Министерството за суспензија на Детални урбанистички планови, од кои еден предвидува изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин.

-Согласно овие мислења што ги добиваме на некој начин нашите тврдења излегува дека не се оправдани. Нашето мислење го искажавме со елаборати, но во законот пишува дека треба да добиете мислење од Министерството за транспорт и врски. Нормално за ова одлучува донесувачот на планот, а тоа е Советот на општина Центар. Општина Центар ќе се потруди со сите законски можности, колку што може повеќе, да ја спроведува својата политика што ја има наметната и во изминатите донесени планови – рече Богдановиќ на Сител.

Инаку, стручната комисија при Министерството за транспорт и врски утврдила дека Општина Центар, наместо да бара суспензија за конкретни спорни локации, побарала суспензија на цели детални урбанистички планови, при што посочила нерегуларности само за одредени места, а не за цели планови.

Поврзани новости