311
Американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека антисемитизмот во САД достигна „рекордно ниво“ и претставува голем предизвик за таа земја.
„Антисемитизмот се искачи на рекордно ниво. Во изминатите неколку години, му беше даден премногу кислород“, рече Бајден во разговор со американските рабини по повод еврејскиот празник, кој ги одбележува деновите на Божествениот суд, меѓу празниците на Рош Хашана и Јом Кипур, според Ројтерс.
Тој ги коментираше и изјавите на поранешниот претседател Доналд Трамп за ова прашање.