Бајага и Инструктори ќе настапат во сабота на кеј

by fokus

Во наредните четири викенди на различни локации низ Скопје ќе се одржат концерти на кои ќе настапат бројни музичари од земјата и од регионот. Настаните се дел од фестивалот „Супер Скопје“ , а концертите ќе се одржат на Кејот 13 Ноември, Старата скопска чаршија, улицата Македонија и Боемската улица.

Меѓу музичарите кои ќе имаат свој настап се Бајага и Инструктори кои скопјани ќе имаат прилика да ги слушаат во живо оваа сабота. На репертоарот на фестивалот се наоѓаат и: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Нокаут, Игор Џамбазов, Синтезис, Фолтин и Љубојна. Сите забави ќе бидат со почеток во 21 часот.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а иницијатори се сопственици и менаџери на угостителски објекти низ Скопје.

Поврзани новости