477
Баерн Минхен во драматичен финиш дојде до 11-тата титула по ред во Бундеслигата, благодарение на триумфот од 1-2 против Келн и киксот на Борусија Дортмунд на домашен терен против Мајнц.
Хасан Салихамиџиќ не можеше да ја сокрие радоста по голот на Мусиала во 89-тата минута за триумф на баварскиот тим.
Но, како што објави „Билд“, веднаш во соблекувалната било обелоденето дека Салихамиџиќ добива отказ на позицијата спортски директор.
Заедно со него, наводно веќе сменет е и Оливер Кан, кој не беше ниту на трибините во Келн, бидејќи наводно веќе дознал дека на него повеќе нема да се смета во иднина.
Следен директор на Баерн Минхен ќе биде Кристијан Дрис.