864
Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо ја совладаа Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На четвртфиналниот дуел одигран вечерва во Лисабон, германскиот тим ја понижи Барселона и на крајот славеше со 8:2.
Стрелци за Баварците беа: Томас Милер (4. и 31. минута), Иван Перишиќ (22), Серж Гнабри (28), Џошуа Кимих (63), Роберт Левандовски (82) и Филипе Кутињо (85 и 89).
Головите за каталонскиот тим, пак, беа дело на Давид Алаба – автогол (7.минута) и Луис Суарез (57).
Противник на Баерн во полуфиналето ќе биде поуспешниот од мечот Манчестер сити – Лион.