Бадијала ракометна борба: Португалија ја тресна од земја Македонија

by Fokus

Македонската кадетска репрезентација вечерва загуби од Португалија со резултат 25-29 и не успеа да се пласира во четвртфиналето од Светското првенство за ракометари до 19 години.

И покрај тоа што момците на Брестовац покажаа заби, сепак во последните минути го загубија здивот и неуспеаја да се најдат во осумте најдобри светски селекции.

Македонските ракометари не користеа дел од приликите, па на полувреме заминаа со негатива од три погодоци (15-12)

Веќе во вториот дел, нашите избраници одиграа поангажирано, а на неколку минути до крајот Македонија имаше водство од два гола. Сепак, тука нашите ракометари не успеаја да го задржат чекорот па Португалците силни притиснаа на крајот и триумфираа со 29-25.

Фото – Insidethegames

Поврзани новости