Бадијала апелите за полициски час и носење маска

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во периодот од 00:00 часот до 04:00 часот изутринава констатирало дека 21 лице не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости