Народно движење за Македонија на Јанко Бачев попладнево поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
– Избирачкиот список не е проблем за одржување на изборите бидејќи спорни остануваат околу 40.000 гласачи што за една силна опозиција не треба да е никаков проблем. Од 1994 до 1998 избирачкиот список се зголеми на 212.000 гласачи, но тоа не му сметаше на Љубчо Георгиевски да го победи СДСМ. Од 1998 до 2002 година гласачкиот список е зголемен за 101.000 гласачи, но сепак Бранко Црвенковски го прегази ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме дека народот нема да погреши и дека е време да се разбие овој бипартизам во земјата што го држат СДСМ и ВМРО – рече Бачев.
И ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе пратенички листи, ДУИ и целокупната опозиција предводена од СДСМ нема да го сторат тоа, додека се уште се очекува конечниот став на ДПА.