Бачев обвинува дека 20 вмровци не му дозволиле да одржи говор пред Собрание, го повикува Мицкоски да ги вразуми

by Fokus

Дваесетина млади лица од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од кои дел во видно алкохолизирана состојба, синоќа го спречија претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, да се обрати на собирот за одбрана на името пред Собранието како единствен предвиден говорник, соопшти партијата.

„Единствена Македонија го има идентитетот на пет лица од групата што се во органите и телата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во неколку скопски општини. Во еден момент постоеше сериозна опасност насобраниот народ да се пресмета со агресивните лица од УМС на ВМРО-ДПМНЕ поради што советничкиот тим на претседателот Бачев одлучи да ја смири ситуацијата и да не се обрати на настанот, а говорници да бидат само граѓански активисти – се наведува во соопштението.

Поврзани новости