Бачев: Меѓународниот договор не важи, Заев во декември ќе се фали дека не го сменил името и ќе оди на избори

by fokus

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев пред демонстрантите кои протестираат пред Собранието рече дека се што се случува е голема лага и оти нема меѓународен договор.

-Се што ви кажаа, дека името е сменето заборавете го, тоа е голема лага. Меѓународен договор не значи ништо, во декември Заев ќе оди на избори, ќе се фали дека не го променил името. Ќе видите дека не важи ништо. Сакам да ве охрабрам, Македонија ниту ќе стане членка на НАТО, ниту името ќе се промени. Близу се самитите на ЕУ и НАТО, ќе видите дека бугарошот Димитров и одродените Заев и Шекеринска ќе добијат лажно ветување. Сакам да ве уверам дека доаѓаат нови политички околности, рече Бачев.

Тој подоцна во говорот рече дека власта ќе се обиде да го протурка договорот и ќе се надева дека народот тоа ќе го заборави.

Поврзани новости