Бабовски: Да не се манипулира дека ќе поскапи свинското месо по појавата на африканска чума на една фарма

by Fokus

Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по појавата на афринската чума на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски рече дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија.

-Се е под контрола и не треба да се шрави политиканство. Нема потреба да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо.  ќе се осити можеби мал недостаок. Нашите производители на свинско месо ги задоволуваа потребите и имаше еден вишок кој одеше во преработувачката индустрија,. е сега тој вишок ќе го изгубиме, рече Бабовски.

 

 

Поврзани новости