428
70-годишна жена со иницијали Ѓ.С. се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од „мерцедес“ додека ја преминувала улицата „Ферид Мурати“ во Скопје. Настанот се случил вчера околу 19.00 часот.
Со „мерцедесот“ со скопски регистарски таблички управувал 29-годишниот М.Ф. од Скопје.
По незгодата тој ја пренел бабичката во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.