Азески: Поддршка за дигитализацијата и за иновативноста во компаниите за поголема продуктивност и за извозна конкурентност

by Fokus

На работниот состанок во просториите на Комората, претседателот Азески пред раководниот тим на Фондот за иновации и технолошки развој, предводен од директорот Коста Петров, ги презентираше актуелните проекти и стратешките активности на Комората, ставајќи акцент врзподдршката на компаниите во нивните извозни активности,за кои особено значење имаше примената на нови технолошки решенија, иновации, што е и во рамките на полето на дејствување на Фондот. Во таа насока, за очекување е дека најмоќната бизнис-асоцијација, ставајќи се во функција на своите членки, во соработка со ФИТР, ќе треба да воспостави координирано институционално дејствување, за да се постигне и поголем економски раст на национално ниво. Улогата на Фондот, вели Азески,е да ги поддржи и да ги поттикне компаниите во изнаоѓањетоформи на инвестиции,преку финансиска поддршка за производствените, извозните и за иновативнитерешенија,во насока на нивна поголема конкурентност на странските пазари.

На работната средба претседателот на Стопанската комора стави акцент и врз клучните приоритети во борбата против сивата економија и против корупцијата,преку итна потреба оддигитализација на државната администрација, но и прекуфинансиска поддршка задигитализација на компаниите,со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност.

В.д. директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, ги  образложи приоритетите на Фондот за следните 2 до 3 години,преку помош и преку поттикнување на развојот на реалниот сектор, вклучувајќи ги и старт ап компаниите кои нудат иновативнии технолошки развојни производи и на кои им недостига поддршка, како финансиска така и системска, но и нивно поврзување со средни и со големи успешни компании,коиби ги развиле нивните иновативни и развојни производи до крајна употребна вредност. Како проект одФИТР, се најави идејното предлог-решение за Технолошкиот парк, за кој се побара заедничо дејствување во процесот на развој и на примена на ова решение.

Претседателот Азески искажа благодарност што ФИТР ја препознава Комората, која следната година одбележува еден век постоење,како партнер за своите развојни проектии предложи преку заеднички континуирани работни средби на тимови од двете институции да се продолжи со изнаоѓање решенија, како и соградење различни механизми, алатки и можности, кои ќе значат поддршка за бизнисот, која ќе овозможи економско заздравување, но и забрзан раст на економијата во следните години.

Поврзани новости