Азески: Бизнисмените се за повеќе бизнис, а помалку историја на Балканот

by Fokus

Пренесено интервју на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески за Танјуг

Актуелните политички елити на Србија, Албанија и Северна Македонија имаат политичка волја да ги решат економските проблеми и затоа ги повикувам бизнисмените од регионот да го искористат тој момент и да се обединат за да го направат потребниот чекор кон успешна интеграција, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во пресрет на Економскиот форум за регионална соработка што ќе се одржи на 29 јули (четврток) во Скопје.

Азески за Танјуг проценува дека секогаш има премногу историја на Балканот, и премалку заеднички бизнис, додека новите генерации бараат тоа да се промени.

Говорејќи за можни теми на претстојниот форум, тој вели дека тие теми се добро познати на Балканот, но проблемот е во тоа што недостасуваше политичка волја за нивно решавање.

„Целта на сите досегашни иницијативи споменати и пред самитот се четири слободи, а тоа се слободниот проток на стоки, услуги, луѓе и капитал, но суштинското прашање е нивно спроведување, односно имплеменатцијата. Ова го покажа и последниот самит во Берлин, на кој не беше постигнат договор за каква било одлука во врска со операционализацијата на принципите на овие четири слободи, бидејќи секогаш имаше одредено надмудрување, блокада на администрацијата, одложување“, објаснува Азески.

Како пример, тој наведува дека „One Stop Shop“ процесот на граничниот премин Табановце – Прешево, воспоставен во август 2019 година и денес, по две години, работи на стар начин.

Азески наведува дека, како човек со долго деловно искуство во регионот, смета дека бирократското опкружување ја попречува економијата и дава примат на формата, а не на содржината.

„Потребни ни се конкретни чекори кои едноставно ќе го решат прашањето за инфраструктурата меѓу нашите земји, ќе овозможат меѓусебно признавање на сертификати и други документи, заеднички настап на трети пазари, заеднички производи, елиминирање на сивата економија и корупција, намалување на државните трошоци и подобрување на животниот стандард”, вели за Танјуг Азески.

Најавената иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за формирање на т.н. „Брзите ленти“ за побрз премин на луѓето од регионот на граничните премини се оценуваат како добри.

Тој, сепак, додава дека приватниот сектор сака во време на дигитализацијата, најсофистицирани решенија за следење на нелегалните криминални активности, да ги елиминира граничните премини и долгите редици камиони, кои, како што наведува, постојат само уште кај нас.

Одговарајќи на прашањето што предлага Стопанската комора на Северна Македонија со цел да им се олесни бизнисот на стопанственици, тој вели дека Комората не само што има предлози, туку има и конкретни резултати на тоа поле.

„За 25 години од проблемот со името со Хеленската Република, економијата функционираше, Грција беше нашиот втор инвеститор и трет трговски партнер, а ние бевме мостот што ги одржуваше односите без никакви проблеми веќе четвртина век. Тоа е конкретен позитивен пример, кој е препознаен од сите, и се заснова на факти и бројки “, наведува Азески.

Тој додава дека бизнисмените ја гледаат големата слика и градат мостови помеѓу, како што наведува, феудалните концепти на исфрустрираните земји на Балканот и вели дека поради тоа доста им е од затвореност, корупција, сива економија, ефтина работна сила.

„Не сакаме веќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми“, посочува Азевски.

Затоа, потенцира претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, нивната порака од собирот ќе биде јасна и ќе бара „да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се донесат одлуки за спроведување без оглед на отпорот на конзервативни сили “.

Што рекоа за претседателот Азески, балканските бизнис лидери:

1.

Марко Чадеж – претседател на Стопанската комора на Србија и претседател на Коморскиот инвестициски форум –

Бранко Азески според стажот и познавањето на балканските прилики е најискусен меѓу нас. Неговата отвореност за свежи идеи и за нови проекти често може да не засрами и нас помладите.

Денес нашето заедништво во регионалното бизнис поврзување го уважуваат и бизнисмените и политичарите и во регионот и во Брисел, но и во Вашингтон.

2.

Рифад Хисарчиоглу, заменик претседатела на EUROCHAMBERS –

Преку личната и институционалната поддршка на Азески, се овозможи подобро вклучување на бизнисот на европските пазари.

3.

Сафет Ѓерѓелиу, бивш генерален секретар на Коморскиот инвестиционен форум –

Ние го нарекуваме татко и му благодариме за се`.

4.

Александар Влахович, претседател на Сојуз на економисти на Србија –

Бранко е вистински лидер, чија сила на личноста значајно ја надминува формалната позиција на која се наоѓа. Фактот дека Бранко е мој пријател го доживувам како голема привилегија и лична сатисфакција.

Објавено, во книгата „Една слика 1000 зборови – една бројка остануваш без зборови“, публикувана 2020 година.

 

                                                                                               

Поврзани новости