Денеска одлука дали Охрид ќе добие дополнителен рок од УНЕСКО

by fokus

Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска ќе заседава и треба да донесе одлука дали Охрид ќе биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност или  ќе добие дополнителен рок од две години за да ги спроведе препораките на УНЕСКО.

Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија ќе ја почитува одлуката на УНЕСКО, каква и да биде таа. Инаку, Босна и Херцеговина предложи Охрид да добие дополнителни две години да ги спроведе препораките, меѓутоа Норвешка е таа која се спротивставуваше на овој предлог.

Поврзани новости