На социјалните мрежи циркулира примерок од авторски договор потпишан со Владата за прославата што се одржа вчера, а кој покажува дека потписниците добро знаат што потпишуваат.
Според договорот потписниците се согласуваат да настапат на прославата со уметнички труд, музичко сценска изведба, како што стои во документот, по повод поканата од НАТО за членство на Република Македонија.
„За настанот „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, – стои во документот.
Според датумот, договорите биле потпишани во средата, три дена пред одржување на настанот. Дел од уметниците потоа тврдеа дека не биле информирирани за што конкретно ќе настапат, односно дека договорите биле направени преку нивните букинг агенти.
Бендот Љубојна и пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ги откажаа своите настапи. Договорот пак ги обврзува авторите лично да го изведат авторското дело.