За две и пол години ќе биде готов автопатот Скопје-Приштина, најави Заев на средба со Хоти

by fokus

Автопатот Скопје-Приштина ќе почне да се гради во првото тромесечје од 2021 и верувам дека за 2,5 години ќе биде готов, рече денес премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Скопје со косовскиот премиер Авдулах Хоти.

– За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи Гранит. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата, информираше денеска премиерот Зорен Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот колега Aвдулах Хоти, кој е во официјална посета на земјава.

Заев најави дека наредниот петок ќе има состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, со кои ќе испратат заедничка покана и Косово да се вклучи во засилената регионална соработка.

Поврзани новости