Санчез: Бројот на заразени во Шпанија е над 3 милиона, или за три пати повеќе од официјалните бројки!

by fokus

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска изјави дека „реалната бројка“ на заразени со коронавирусот во Шпанија е поголема од 3 милиона, наспроти официјалниот број на инфекции кој неделава надмина еден милион.

Во телевизиско обраќање, Санчез истакна дека проекциите на националната студија за антитела покажуваат дека реалната вкупна бројка на случаи на Ковид-19  е трипати поголема.

Санчез истакна дека здравствениот систем на земјата е подобро подготвен отколку при првиот бран на епидемијата. Но, без оглед на тоа, апелираше шпанскиот премиер, треба да се стори повеќе за да се запре ширењето на вирусот.

Поврзани новости