Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен кон крајот на 2023 или на почетокот на 2024 година

by fokus

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се очекува да биде завршен кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој изврши увид на автопатот во изградба Кичево-Охрид, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик. Тие остварија средба со надзорот на овој автопат, од каде ги добија сите неопходни информации во врска со моментална состојба на автопатот.

Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, дека се потребни дополнителни средства, Бочварски истакна дека таквите информации не се точни. Цената, како што рече, е утврдена во 2018 година на 598.000.000 евра и не станува збор за дополнително поскапување.

-Од новиот автопат досега се асфалтирани 31 проценти од првиот слој на асфалтот, изградени се над 3.500 метри потпорни ѕидови, а ископот е завршен со 53 проценти. Завршени се дополнителни проекти за деветте клучки. Во тек е експропријацијата на земјиштето за косините, конструкцијата на тунелот е завршена, останува да се заврши електричната и инасталациона мрежа, изјави министерот Бочварски.

Во однос на незадоволството на жителите од Строгомиште поради трасата на новиот автопат Кичево-Букојчани, за која бараат да се дислоцира од нивното село, Рустеми вети дека околу 4 километри од оваа патна делница ќе бидат дислоцирани за да нема реакција од жителите на ова село. Истакна дека се бара најпогоден понудувач и до крајот на годината да започне изградбата на дел од автопатот во должина од 7 километри.

Поврзани новости