Автомобил марка „бмв“ удрил во велосипедист, а потоа, велосипедистот во количка за дете, во кое имало дете на раскрсницата кај „Мајчин дом“ во скопската населба Аеродром.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на велосипедистот и на детето им се констатирани телесни повреди, но по укажана лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
„Пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) и количка за дете, во која имало дете. На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување“, велатМВР.
Фото: Макфакс