80
Тешко повреден 74-годишен пешак од Кочани откако во него удрил автомобил, а возачот побегнал.
„На 18.01.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило удрило во пешакот С.С.(74) од Кочани и го напуштило местото. Во несреќата, С.С се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани“ соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.