417
Три лица се повредени откако автомобил „фолксфаген пасат“ удрил во бетонски ѕид па се превртел на автопатот Гостивар-Тетово. Според полицијата возачот, 59-годишниот И.А. од Тетово изгубил контрола над возилото, што довело до ударот.
Сообраќајката се случила вчера пред 23.00 часот. Со тешки телезни повреди се здобила сопатничката, 62-годишна А.Б. од Тетово, додека возачот и деветгодишно девојче се здобиле со полесни повреди.
Со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош. А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.