Автобусите на ЈСП нема да возат за време на викендот

by Fokus

Автобусите на ЈСП „Скопје“ нема да превезуваат патници за време на викендот, односно во периодот на полицискиот час од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Во истиот период, како што соопштуваат од претпријатието, нема да работат ниту билетарниците и центрите за персонализација.

Од утре, среда, кога стапуваат во сила засилените рестрикции за движење, јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред. Исклучок, како што велат од ЈСП, се линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од четврток, па секој работен ден, сѐ до наредните измени, јавниот превоз ќе сообраќа од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот. Во работни денови, од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.

Поврзани новости