62
Четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти.
Патнички автобус удрил во ѕид од тунел на автопатот Хохот – Беихаи во Шанкси, објави Ксинхуа.
Спасувачките сили излегле на лице место, а истрагата за причините за несреќата е во тек, јавува Танјуг.