468
Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца.
Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката.
Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече дека возачот работел за „Сосиете де транспорт де Лавал“ околу 10 години и немал никакви инциденти во неговото досие.